Monday, December 18, 2017

Активности на учениците од с.Теново

Учениците од с.Теново во текот на првото полугодие од оваа учебна година вредно работеа и постигнаа високи резултати. Сликите зборуваат за нивните дела!


Sunday, December 10, 2017

На час по Проекти од информатика!

Дел од најдобрите изработки на учениците од VII одделение од часот по Проекти од Информатика.






Thursday, November 30, 2017

Дабар 2017

Учениците од вишите одделенија во нашето училиште под раководство на наставничката по Македонски јазик и оваа учебна година зедоа учество во натпреварот Дабар. Најдобрите беа наградени со сертификати за учество во натпреварот.

Friday, October 6, 2017

Одбележување на Детската недела!

По повод Детската недела и одбележувањето на детските права, во нашето училиште се реализираа низа активности. Целта беше да се истакнат правата на децата,  да им покажеме колку се тие важни во општеството, како да се изборат за своите права, но и да бидат достојни за нив, да си ги исполнуваат обврските кои ги имаат. 
Се реализираа повеќе активности, компјутерски игри „Детските права не се паднати од Марс“ (http://detskiprava.mk/games/), литературни катчиња со пораки за сите деца во светот, ликовни активности- цртање на училишниот стадион на тема „Сите сме едно-растеме заедно“, заедничко дружење и фотографирање, пораки на балон, музички активности...