Sunday, April 1, 2018

Одбележување на „Денот на шегата“

По повод „Денот на шегата“ 1 Април, во нашето училиште се реализираа низа активности, во организација на предметниот наставник Лена Ѓеровска, со активно учество на сите наставници и ученици.
Најпрво, на учениците им беше презентирана кратка мултимедијална презентација за историјатот, значењето на Денот на шегата и какотој се слави низ различни земји во светот. Потоа, учениците кажуваа вицови и читаа литературни творби кои сите присутни ги насмееаја до солзи. Следеше претставување на маските од страна на учениците и избор на најдобрите маски кои беа наградени со пофалници од училиштето.