Sunday, April 1, 2018

Одбележување на „Денот на шегата“

По повод „Денот на шегата“ 1 Април, во нашето училиште се реализираа низа активности, во организација на предметниот наставник Лена Ѓеровска, со активно учество на сите наставници и ученици.
Најпрво, на учениците им беше презентирана кратка мултимедијална презентација за историјатот, значењето на Денот на шегата и какотој се слави низ различни земји во светот. Потоа, учениците кажуваа вицови и читаа литературни творби кои сите присутни ги насмееаја до солзи. Следеше претставување на маските од страна на учениците и избор на најдобрите маски кои беа наградени со пофалници од училиштето.






Monday, March 12, 2018

Завршна сметка 2017 година




Активности по повод 8-ми Март -Денот на жената

По повод 8-ми Март, интернационалниот празник на жената, нашите ученици под раководство на предметните наставници изработија честитки, цртежи и стихови за своите најмили, мајки, баби, тетки, учителки!









Wednesday, February 14, 2018

We are celebrating St. Valentine's Day!!!

Денес во нашето училиште, предметните наставници по Англиски јазик- Лолита Перовска и Душица Чавдаровска, одржаа низа активности со учениците по повод св.Валентин, Денот на вљубените. Сите ученици учествуваа во подготовка на пораки со најискрени желби!





Tuesday, February 13, 2018

На часот по Техничко образование!

Од училишната работилница на наставничката Лолита Перовска, издвојуваме дел од најубавите ученички изработки од учениците од V одд- П.У с.Волковија.