Ц.О.У „Гоце
Делчев“ се наоѓа на територијата на
Општина Брвеница (оддалечено 18 км од
Тетово), а во негов состав работат и
подрачните училишта во с.Теново,
с.Радиовце, с.Волковија и с.Гургурница.
Првото училиште во селото почнало да
работи како четиригодишно. Од 1951 година
прераснува во осумгодишно основно
училиште, а од 1962 година е номинирано
како централно во кое учат и ученици од
околните села. Директор на училиштето е Африм Емурлаи.
Целта на училиштето е да
им овозможи на учениците индивидуален
развој согласно нивните предиспозиции
и кај нив да се развиваат чувства на
одговорност, културни традиции и свест
за припадноста на Р.Македонија како
мултиетничка земја и во таа насока да
ги почитуваат и исполнуваат граѓанските
права и обврски. Училиштето води грижа
да ги оспособи учениците да ги применуваат
стекнатите излезни ефекти од образованието
во разни области од живеењето. Сето тоа
се планира да се реализира преку:
- Поставување на воспитно-образовниот процес врз принципите на современата образовна технологија
- Зголемување на образовната и воспитна компонента во училиштето
- Учениците да усвојуваат знаења, да ги развиваат своите способности и вештини потребни за продолжување на образованието и понатаму
- Подигнување на мотивацијата на учениците и наставниците
- Зголемување на соработката и поддршката со локалната средина
- Градење на соодветен систем на оценување согласно стандардите за оценување
- Воспитување на учениците за почитување на основните слободи и права на човекот за живеење во демократска и мултикултурна заедница
- Учениците да се поттикнуваат за правилен физички развој и одговорност за сопственото здравје, здравјето на другите како и заштита на околината.
МИСИЈА НА
УЧИЛИШТЕТО
Нашето
училиште се стреми да ги следи и применува
новите наставни методи и современата
технологија која овозможува оспособување
на младите за работа и подобар живот и
развивање на чувство за еднаквост и
почитување на разликите како и оспособување
за интеграција во мултикултурно
општество.
ВИЗИЈА
Училиштето
во иднина го гледаме како модерно,
отворено училиште кое на учениците ќе
им обезбеди адекватни услови за
образование и воспитание и место во кое
рамноправно ќе учествуваат во меѓуетничка
интеграција.
МОТО
Квалитетно
образование бара заеднички заложби.
СЛОГАНИ
Колку повеќе
читаш, толку повеќе знаеш.
Повторувањето
е мајка на знаењето.
No comments:
Post a Comment