Friday, October 6, 2017

Одбележување на Детската недела!

По повод Детската недела и одбележувањето на детските права, во нашето училиште се реализираа низа активности. Целта беше да се истакнат правата на децата,  да им покажеме колку се тие важни во општеството, како да се изборат за своите права, но и да бидат достојни за нив, да си ги исполнуваат обврските кои ги имаат. 
Се реализираа повеќе активности, компјутерски игри „Детските права не се паднати од Марс“ (http://detskiprava.mk/games/), литературни катчиња со пораки за сите деца во светот, ликовни активности- цртање на училишниот стадион на тема „Сите сме едно-растеме заедно“, заедничко дружење и фотографирање, пораки на балон, музички активности...