Wednesday, February 14, 2018

We are celebrating St. Valentine's Day!!!

Денес во нашето училиште, предметните наставници по Англиски јазик- Лолита Перовска и Душица Чавдаровска, одржаа низа активности со учениците по повод св.Валентин, Денот на вљубените. Сите ученици учествуваа во подготовка на пораки со најискрени желби!





Tuesday, February 13, 2018

На часот по Техничко образование!

Од училишната работилница на наставничката Лолита Перовска, издвојуваме дел од најубавите ученички изработки од учениците од V одд- П.У с.Волковија.


Saturday, February 10, 2018

Одбележување на светскиот ден за побезбеден Интернет 2018 година

По повод светскиот ден за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 06 Февруари, во нашето училиште беа реализирани повеќе работилници со учениците од седмо и осмо одделение. Целта на овие работилници беше да се поттикнат учениците на позитивна промена на Интернет. Уште од најмлада возраст да превземат контрола врз својата дигитална благосостојба и да ги истражат начините т.е можностите кои Интернетот им ги нуди на позитивен начин. Преку овие работилници учениците исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн заедница влијае врз нив, како да се справат со различни притисоци онлајн, да креираат позитивни пораки и споделуваат почит додека се на Интернет.
За таа цел учениците во присуство на Директорот и Педагогот на училиштето, следеа презентација со содржини кои ги поттикнаа на дискусии за темата. 



Потоа, учениците добија...

Monday, February 5, 2018

Посета на производствена фирма

Како дел од наставната програма по предметот Иновации, учениците од 9-то одделение реализираа посета на производствена фирма „Тетекс Јарн“ која се наоѓа во близина на нашето училиште. Таму на учениците им беше презентиран целиот производствен процес низ повеќе фази низ различни машини и операции. 
Учениците можеа практично да видат како изгледа едно претпријатие, негова структура, производствен процес (влез на суровини, обработка и излез на готов производ). Преку разговор со одговорните лица открија какви иновативни потфати превзема претпријатието за да постигне поголем профит, дали е дел од процесот на глобализација, кои се причините да истото биде поуспешно од својата конкуренција. Информациите кои ги добивме, учениците ги поврзуваа со знаењата што ги стекнаа за време на предавањата на училиште. Како задача, остана да изработат извештај за реализираната посета.

Учествуваме, одбележуваме, се забавуваме!

Дел од учениците од нашето училиште оваа учебна година беа дел во глобалниот настан т.н Дабар 2018. Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 1во одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Прашањата беа вистински предизвик за учениците кои беа наградени со уверенија за учество и покажани добри резултати.