По повод светскиот ден за побезбеден Интернет, кој годинава се одбележуваше на 06 Февруари, во нашето училиште беа реализирани повеќе работилници со учениците од седмо и осмо одделение. Целта на овие работилници беше да се поттикнат учениците на позитивна промена на Интернет. Уште од најмлада возраст да превземат контрола врз својата дигитална благосостојба и да ги истражат начините т.е можностите кои Интернетот им ги нуди на позитивен начин. Преку овие работилници учениците исто така се информираа како социјалните мрежи и целата онлајн заедница влијае врз нив, како да се справат со различни притисоци онлајн, да креираат позитивни пораки и споделуваат почит додека се на Интернет.
За таа цел учениците во присуство на Директорот и Педагогот на училиштето, следеа презентација со содржини кои ги поттикнаа на дискусии за темата.
...листови за размислување за конкретни ситуации од нивното секојдневие, кои требаа да ги обојат во соодветна боја во зависност од тоа какви чувства таа ситуација предизвикала кај нив. Кога сите беа готови, ги споредивме обоените шеми и видовме дека боите се поклопуваат кај различни ученици, што значи дека една ситуација која кај еден ученик предизвикува среќа истото го прави и кај повеќе други ученици. Сличен ефект имаше и со ситуацииите кои предизвикуваа тага и вознемиреност кај учениците. Заеднички заклучивме дека кога објавуваме нешто на Интернет секогаш треба да размислиме од своја гледна точка дали тоа не прави среќни или не растажува, зошто голема е веројатноста дека истото чувство ќе биде предизвикано и кај другите кои ќе ја прочитаат објавата.
Во следната активност на учениците им беа презентирани различни искази за кои имаа можност да гласаат со кревање рака, дали се вистинити или лажни, со што расчистивме многу дилеми во врска со објавувањата на социјалните мрежи. На крајот, секој ученик доби парче од една голема сложувалка со задача да напише какво добро дигитално дело ќе направи денес или како ќе го направи Интернетот подобро место за секој од нас да се чувствува убаво. Сите парчиња ги составивме во една голема сложувалка и заклучивме дека ако секој го направи своето добро дигитално дело, ако секој го исполни своето ветување, навистина ќе направиме позитивна промена на Интернет.
Учениците пак од осмо одделение, дел од советите за креирање и споделување почит на Интернет ги вметнаја во своите програми во Скреч- вежбајќи ги структурите за повторување на циклуси кои ги научија за време на часовите по Програмирање.
Сите активности се реализираа под раководство на наставникот по Информатика Лена Ѓеровска.
No comments:
Post a Comment